УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Најголемиот кошмар на Јуве во Лигата на шампионите

Лоренцо Бетони (превод: Кајгана)
/ 15.09.2022 / 15:21

Јувентус загуби два од два натпревара во Лигата на шампионите и се соочува со својот најголем кошмар: да биде елиминиран уште во фазата по групи.

Иако е еден од најдолговечните клубови во Европа и најтрофеен во Италија, Јувентус ја освои својата втора и последна титула во Лигата на шампионите во 1996 година, а оттогаш загуби 5 финалиња. Во изминативе 25 години најголемиот сон им се претвори во горчлив кошмар. Сега клубот се соочува со уште полошпа ситуација, пишува Лоренцо Бетони, уредник на Football Italia.

Пулените на Макс Алегри ги загубија првите два натпревара од групната фаза против ПСЖ и Бенфика, кои сега имаат по 6 бода откако и двата ги совладаа „Бјанконерите“ и Макаби Хаифа. Во вторникот, предводникот на „Старата дама“ повтори дека на неговиот тим ќе му бидат потребни 10 бода за да мине во осминафиналето, па доколку неговите пресметки се точни, Јуве не смее да си дозволи нови грешки во европските ноќи.

Очајно им треба победа на наредните два натпревара против Макаби Хаифа и Бенфика (на гости) или ПСЖ во последното коло од групната фаза во Торино, како и да освојат бод во преостанатиот натпревар. Тоа ќе биде тешка задача, особено имајќи предвид како досега играше Јуве.

Гигантот од Серија А победи на само два од шесте натпревари во Калчото и има освоено 10 бода, 4 помалку од лидерите Аталанта, Милан и Наполи. Водечкиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна 4 гола на 6 натпревари во сите натпреварувања, но само еден гол беше од активна игра.

Тимот го погодија и серија повреди. Анхел Ди Марија се мачи со мускулни проблеми и има само 3 настапи досега.

Другото големо летно засилување, Пол Погба, нема да се врати до јануари откако одлучи да следи конзервативен третман за повредата на менискусот во август, за потоа да го смени планот и минатата недела да замине на операција, како што и го советуваше клубот уште на почетокот.

Федерико Кјеза исто така ќе се врати во 2023 година или, во најдоброто сценарио, малку пред мундијалската пауза во ноември. Италијанскиот репрезентативец сѐ уште се опоравува од тешката повреда на коленото која ја заработи во јануари.

Знаците не се добри. Алегри е под постојан притисок кој се зголемува, а неговиот тим се чини дека нема јасен идентитет. Минатата вечер Бенфика дојде во Торино по победа и заслужено се упати назад кон Португалија со трите бода, иако „Старата дама“ имаше добар старт поведувајќи преку Арек Милик.

Алегри сега ја гледа Бенфика како главен ривал на Јувентус за минување во наредната фаза, па неговата прогноза испадна точна. Проблемот е што „Бјанконерите“ синоќа не беа на ниво на задачата и заслужено загубија.

Има и проблеми надвор од теренот бидејќи гигантот од Серија А се очекува да објави загуба од 250 милиони евра за 2021/2022, такоа што квалификувањето во последните 16 е круцијална цел за зголемување на нивните финансии. Играчите на Јувентус го напуштија теренот откако им се извинија на навивачите зад голот, свесни дека повеќе не смеат да си дозволат грешки за да го избегнат најголемото европско разочарување, чии последици ќе се одразат и надвор од теренот.

URL
реклама

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе