ОДРЖЛИВИ ТЕХНОЛОГИИ

Најголемиот патнички авион во светот леташе со гориво направено од масло за јадење

Најголемиот патнички авион во светот Airbus A380 беше искористен за тестирање на одржливи горива за авиони. Леташе со гориво направено од искористено масло за јадење.

Airbus го изведе првиот лет на својот А380 користејќи 100 проценти обновливо млазно гориво (SAF), кое главно се добива од масло за јадење и други отпадни масти.

А380, наречен MSN 1 полета од аеродромот Блањак во Тулуз, Франција на 25 март и помина три часа во лет. Неговиот Rolls-Royce Trent 900 мотор користеше одржливо гориво.

Вториот лет беше изведен на 29 март со цел тестирање на полетување и слетување со употреба на одржливи горива. Ова беше трет тип на авион Airbus кој летал со 100 проценти SAF во една година, но е убедливо најголем. Во март 2021 година, Airbus го употреби А350 за тестирање на одржливо гориво, а потоа и А319neo во октомври 2021 година.

За првиот лет на А380 овој месец, Airbus користеше 27 тони немешан SAF обезбедени од TotalEnergies, а горивото главно се состоеше од масло за јадење и други отпадни масти.

SAF покажа голем потенцијал за намалување на емисиите во воздухопловната индустрија, која сочинува околу 2 отсто од вкупните глобални емисии годишно. Други компании, вклучително и Rolls-Royce, исто така спроведуваат тестови со намера нивните мотори да користат одржливо гориво во иднина.

URL

Сите авиони на Airbus веќе имаат сертификат за користење на 50 проценти од SAF измешани со керозин, но целта на компанијата е да направи чекор напред и да добие сертификат за исклучиво користење на SAF до 2030 година.

Во Airbus веруваат дека SAF е клучниот начин да се постигнат нула емисии на јаглерод од воздушниот сообраќај до 2050 година.

Во 2019 година, Airbus објави прекин на производството на А380, најголемиот авион во светот, поради малата побарувачка и високите трошоци за производство. Многу од постојните авиони сè уште се во функција, но Airbus ги смета за идеални за тестирање на одржливи технологии поради нивната пространа внатрешност. На пример, во февруари, Airbus објави дека има намера да го опреми А380 со водородни мотори и да ги тестира во 2026 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе