Најлошата репрезентација во светот повторно даде гол, но 137 натпревари во низа нема победа

Сан Марино ја продолжи најдолгата серија без победа во историјата на фудбалот. Репрезентацијата од Апенинскиот полуостров беше поразена од Сент Китс и Невис во пријателскиот натпревар во Серавале со 1:3, иако прва поведе.

Дуелот привлече големо внимание кај фудбалските фанатици со оглед на тоа што се судрија едни од најслабите репрезентации во светот во еден необичен дуел на европска микронација против карипска островска држава. Фудсбалерите на Свети Кристофер и Невис допатуваа во Европа на двобој со Сан Марино - вториот натпревар е закажан за в недела на истиуот стадион.

Филипо Берарди го доведе Сан Марино во водство во 21. минута од пенал, но гостите од Карибите направија пресврт.

Remote video URL

Прво Тајкуан Терел израмни во 31. минута, а Андре Барли во послдената минута пред паузата донесе водство за популарните „Шугар Бојс“. Само што почна вториот дел, по три минути Хари Панајоту погоди за 1:3. Панајоту, роден во Англија, изникна од академијата на Лестер за кого има и 1 настап во првиот тим. Татко му е кипарски Грк.

За разлика од европските дуели на Сан Марино, овој пат популарните „Титани“ одиграа многу отворен фудбал, сакаа да даваат голови, а тоа им го овозможуваше противникот кој се покажа дека сепак е нијанса поквалитетен. Двете репрезентации играа отворен фудбал.

Сан Марино натпреварот го играше со нов селектор на клупата - Роберто Чеволи.

Нормално, на трибините беа верните навивачи на Сан Марино од навивачката група Мај Уна Џоја (Никогаш радост) кои, со оглед на квалитетот на противникот, со право беа оптимистички расположени.

Сан Марино е последната, 210-та репрезентација на ФИФА ранг-листата, додека Сент Китс и Невис е на 147. место.

Сан Марино не успеа да ја прекине неверојатната серија без победа. За „Титаните“ ова беше натревар број 137 без победа, а последен пат славеа против Лихтенштајн со 1:0 во април 2004 година. Значи, пред речиси 20 години. Воедно, ова им е 12-ти пораз во низа откако последен пат останаа непоразени против друга карипска репрезентација, Света Луција, кога на гости во ноември 2022 одиграа 1:1.

Охрабрувачки за Сан Марино, во кој настапуваат голем број непрофесионални фудбалери, што ова беше четвртиот последовен натпревар на кој постигнаа гол. Најлошата репрезентација во светот претходно постигнуваше голови во поразите од Данска (1:2), Казахстан (1:3) и Финска (1:2) во квалификациите за ЕУРО 2024. А, пак, за Филипо Берарди ова беше втор гол во низа, нешто што претходно го направил само легендарниот Анди Селва во 2005 година со голови против Белгија и Босна и Херцеговина.

Реваншот в недела со „Шугар Бојс“ е веројатно последната шанса за „Титаните“ да дојат до победа затоа што во јуни имаат пријателски со Словачка и Кипар.  Наредната шанса со противник од нивен ранг е дури во септември кога Лигата на нации ќе ја отворат дома против Лихтенштајн.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе