Најмалку 13 мртви во вооружениот напад во Калифорнија

Лос Анџелес, 8 ноември 2018 (МИА) – Најмалку 13 луѓе се убиени во нападот во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, соопштија локалните власти истакнувајќи дека меѓу загинатите е и напаѓачот.

Локалниот шериф Џеф Дин изјави дека во инцидентот се повредени десетици луѓе.

Меѓу загинатите е и заменик – шерифот Рон Хелус кој прв пристигнал во барот, откако била повикана полиција. Кога тој пристинал на лице место, сè уште се пукало. Хелус им подлегнал на повредите во болница.

Дин изјави дека идентитетот на напаѓачот сè уште не е познат и оти осомничениот веќе бил мртов кога полицијата пристигнала на местото на нападот.

„Сè уште е рано да знаеме дали самиот си го одзел животот“, истакна Дин.

Полицијата, на која ѝ помага и ФБИ, сè уште ги истражува тврдењата дека е фрлена и димна бомба, но засега нема докази кои можат да го потврдат тоа.

„Го повикавме нашиот експертски тим за бомби и неколку кучиња трагачи по бомби кои ја проверуваат областа. Но, досега не најдовме ниту една друга експлозивна напарава, ниту докази дека била фрлена димна бомба“, соопшти Дин.

Во кантри барот „Бордерлајн“ во моментот на нападот имало стотина луѓе, а пукањето траело и кога дошла полицијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе