Најмалку петмина мртви по торнадото во Чешка

МИА/КАЈГАНА
/ 25.06.2021 / 15:19

Најмалку пет лица загинаа откако ретката појава на торнадо и обилните дождови предизвикаа хаос на југоистокот на Чешка, соопштија денеска чешката полиција и службите за итни случаи, јави DPA.

Во невремето, додава германската агенција, повредени се околу 200 лица, од кои 60 се сместени во болниците, наведуваат чешките власти.

Торнадото синоќа опустоши седум села во областа Јужна Моравија, притоа уништувајќи куќи и откорнувајќи покриви. Има мноштво искршени прозорци, а силните ветрови уништиле и автомобили.

Служните за итна помош денеска продолжуваат со потрагата по луѓето заробени под урнатините, а стотици пожарникари одат од куќа до куќа.

URL

Чешката армија испрати војници и тешка опрема во регионот, пренесе DPA.

Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, кој ситуацијата ја опиша како „голема катастрофа“, исто така, се упати кон областа. Премиерот Андреј Бабиш се очекуваше попладнево да го стори истото, по неговото враќање од самитот на ЕУ во Брисел.

Владата вети финансиска поддршка на погодените семејства, од кои некои го загубија целиот дом.

URL

Чешката метеоролошка служба CHMU подоцна потврди дека штетата е предизвикана од торнадо, што е ретка појава во регионот. Последната бура од овој калибар во Чешка била регистрирана пред три години.

Читајте наредно: Колку се чести торнадата во Европа?

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе