Најмалку тројца ранети во експлозија во Истанбул

Три лица се ранети во турската метропола Истанбул кога во саботата вечерта во близина на автобуска постојка експлодирала бомба. Експлозијата одекнала во централниот истанбулски округ Меџидиекој.

Според агенцијата Dogan експлозивната направа се наоѓала во најлонска кеса. Тројцата повредени се пренесени во блиската болница, но не се здобиле со потешки рани.

Неколку часа претходно полицијата изведе контролирана експлозија на торба оставена на централниот истанбулски плоштад Таксим. Плоштадот, во чија близина се наоѓаат бројни познати хотели и ресторани, беше блокиран додека полицијата ја прегледуваше сомнителната торба. Подоцна таа е детонирана, но не се соопштени поединости.

САД неколку часа претходно во саботата издадоа предупредување за своите државјани дека се многу веројатни напади во Истанбул и во Анталија, двете водечки туристички дестинации во Турција. Во петокот ноќта и Израел издаде слично предупредување за своите граѓани и ги повика оние кои се во земјата веднаш да ја напуштат Турција поради директна опасност од напади во туристичките места.

Истанбул последните месеци беше сцена на неколку терористички напади врз туристи. Пред точно три седмици, бомбаш самоубиец се разнесе во центарот на Истанбул и уби четири странски туристи, од кои тројца беа Израелци, а еден Иранец. Претходно во јануари 12 туристи, претежно германски, загинаа во Истанбул во сличен самоубиствен бомбашки напад, а за двата турските власти ја обвинија екстремната сунитска организација Исламска држава.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе