Најнезаборавни моменти на Оскарите
90. доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука ќе се одржи вечерва во Dolby Theatre во Лос Анџелес. Водител на свеченоста ќе биде комичарот Џими Кимел.
Ова е совршен момент да се потсетиме на најнезаборавните говори, инциденти и моменти за плачење што влегоа во оскаровската историја, како бакнежот на Едријан Броди со Хали Бери, скокањето на Роберто Бенини по столчињата во салата и секако, ланскиот инцидент со прогласувањето на погрешен победник во категоријата најдобар филм.
Кој е вашиот омилен оскаровски момент?