Љубовта меѓу атрактивната фудбалерка Алиша Леман и фудбалерот Даглас Луис се најде во фокусот на британските медиуми, откако Швајцарката објави фотографија во која му изјави љубов.
Алиша Леман, која игра за Астон Вила, често ја опишуваат како најпривлечната фудбалерка во светот. Во фокусот на јавноста дојде откако британските медиуми во ноември минатата година објавија дека раскинала со соиграчката Рамона Бахман од швајцарскиот национален тим.
Нивната врска траеше повеќе од три години, но моментално Леман е во љубов со бразилскиот репрезентативец Даглас Луис. Според фотографијата со страстен бакнеж, може да се заклучи дека Леман е вљубена како никогаш досега. На нивната прва заедничка фотографија порача дека го сака бразилскиот фудбалер.
Инаку, Луис важи за еден од најдобрите фудбалери на Астон Вила, каде можеби и нема да се задржи многу долго. Неговите игри привлекуваат внимание, а неговата вредност според Transfermarkt е 35 милиони евра.
Во дресот на Бразил има настапувано 9 пати.