Според изборот на популарното списание Maxim најсекси жена на светот е Оливија Кулпо, некогашна Мис САД и Мис Универзум.
„Отсекогаш сум се восхитувала на изборот на Maxim на 100-те најзгодни. Вклучувале толку паметни и успеѓни жени кои ме инспирирале на безброј начини и затоа оваа насловна ми е толку посебна. Уште не ми се верува“, напиша Кулпо на Instagram.
Прекрасната 27-годишна бринета е една од најпознатите модни инфлуенсерки со над 4 милиони следбеници на Instagram.
Најголем дел од нејзините следбеници се жени кои со нетрпение ги очекуваат нејзините совети за мода и шминка. Кулпо исто така пее и свири виолончело и води неколку ресторани што ги поседува татко ѝ.