ЗАГИНА НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Најубавите цитати на Тоше Проески за љубовта и животот

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески.

Тоше беше несомнено една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, а во Македонија се смета за заштитен знак на домашната забавна музика.

Музичката кариера ја почна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи, изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлс“. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започна по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана сѐ до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

Загина на денешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Покрај тоа што беше талентиран музичар, Тоше беше и голем хуманитарец, човек со големо срце и чиста мисла. На овој ден, да се потсетиме на неговите најубави и најмудри мисли за љубовта и животот и да се потрудиме што е можно почесто да се водиме по нив, во негова чест.

„Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов“

„Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе“

„Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

МК сцена

Шпаркасе Банка е спонзор на 53. издание на Златно славејче

Read more

Почина актерот Мето Јовановски

Read more

Десет музички ѕвезди за главната вечер на јубилејниот 25-ти Таксират

Read more

Редици за билети на македонските филмови во Торонто

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Spotify ја објави најпуштаната песна во 2023 година

Читај повеќе

Дејвид Карузо некогаш и сега - оди препознај го

Читај повеќе

Контроверзен избор на актерот кој ќе го глуми Доналд Трамп во нов биографски филм

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Oppenheimer

Читај повеќе

Фановите го избраа најомразениот лик од ТВ-серии

Читај повеќе
  • play_arrow

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Barbie

Читај повеќе