Најубавите дресови на СП 2018

Чекањето конечно заврши и по цели 4 години, денеска започнува СП во Русија. Главната цел на секоја од репрезентациите е да го освојат престижниот трофеј, но некои доаѓаат со повеќе стил од другите и им е многу важно нивните дресови да бидат забележителни, модерни и убави.

Како што веројатно веќе знаете, дресот на Нигерија за Светското првенство се распродаде за само 3 минути откако беше пуштен на онлајн продажба.

Нигерија

Како најголемиот стилски фаворит на ова првенство, Нигеријците им станаа вториот омилен тим на фудбалските фанови најмногу заради препознатливиот дрес. Многумина го пофалија овој дрес како „најубавата фудбалска униформа која некогаш се појавила на терените“. Алекс Ивоби, Виктор Мозес и Келечи Иеаначо ќе ја бранат честа на нацијата во едни од најубавите дресови кои ќе се појават на ова првенство.

Мексико

Како и на секое претходно првенство, Мексико ја задржа традиционалната зелена боја на дресовите за овој Мундијал. Нивниот дрес оваа година има цик-цак форми со различна нијанса на зелена боја на страните и го прави истовремено многу модерен и забележителен. За да видиме како ќе им стои на теренот ќе треба да почекаме до недела, кога Џовани Дос Сантос и Чичарито ќе ја предводат репрезентацијата на Мексико против актуелниот светски шампион Германија.

Германија

Светскиот шампион допатува во Русија со стил. Тие го вратија ретро дизајнот на дресовите од СП 1990, но овојпат наместо боите на знамето, дресот е комплетно обоен во црна и и бела боја. Тие веројатно се надеваат дека ваквиот дизајн ќе им донесе среќа исто како на тоа првенство, бидејќи тогаш победник беше репрезентацијата на Западна Германија.

Јапонија

Иако немаат завидлив квалитет во составот, Јапонците на секое првенство имаат убав и впечатлив дрес. Овојпат традиционалната сина боја е збогатена со кратки линии распрскани насекаде низ горниот дел од униформата, освен на ракавите. Ако не освојат доволно бодови од натпреварите, сигурни сме дека дресот ќе им донесе бонус бодови од стилистите кои ќе го гледаат ова СП.

Колумбија

Колумбиската репрезентација секогаш имала забележителен и убав дрес на светските првенства, а ниту еден од нив не беше попознат од оној од СП 1990, кога Карлос Валдерама го комбинираше веќе култниот дрес со препознатливата жолта афро-фризура. Овојпат Валдерама го нема во составот, но Колумбија пристигнува со еден од најубавите дресови на ова првенство.

Ова се само 5 дресови кои ние ги одбравме како наши фаворити. Доколку имате некој ваш фаворит кои ние заборавивме да го споменеме, оставете го вашиот предлог во коментарите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе