Фудбал
ЛИГ 1 2019/20

Нант в недела со аргентински дресови во чест на Сала

22. јануари 2020 - 18:56 | Ф.З.

Францускиот тим реши годишнината од трагичната смрт на Емилијано Сала да ја одбележи така што изработи специјални дресови кои наликуваат на репрезентацијата на Аргентина.

Традиционалната жолто-зелена боја Нант в недела ќе ја замени со бело-небесносина, боите на аргентинската репрезентација.

Причината е одбележувањето на годишнината од смртта на напаѓачот Емилијано Сала кој со авион летајќи кон Велс се урна во Ла Манш на 21 јануари.

Аргентинецот Сала 3 и пол сезони го носеше дресот на Нант каде одигра 133 натпревари и постигна 48 голови (во сите натпреварувања), а дојде од Бордо, тимот кој Нант ќе го нагости в недела од 17 часот.

Коментирај