НАСА бара доброволци за симулација на живот на Марс

Американската вселенска агенција НАСА бара четворица мотивирани кандидати за едногодишна симулација на живот на Црвената планета.

Почнувајќи од пролетта 2025 година, четворица доброволци ќе поминат 12 месеци на „Mars Dune Alpha“ во Хјустон, локација за симулација со големина од околу 160 квадратни метри, моделирана по замислена станица за истражување на Марс, објави НАСА во петокот.

Истражувачката станица е модуларна 3Д печатена структура во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Програмата ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучувајќи ограничувања на ресурси, дефекти на опремата, доцнење во комуникацијата и стресни фактори на животната средина. Задачите на екипажот вклучуваат симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржување на живеалиштата, вежбање и одгледување култури.

Ова е втора ваква симулација која е дел од програмата на НАСА „CHAPEA“ (Crew Health And Performance Exploration Analog) која има за цел да се подготви за мисии на Марс.

Апликациите се отворени до 2 април, а кандидатите треба да имаат диплома по природни науки, да бидат на возраст меѓу 30 и 55 години, „здрави, мотивирани“, непушачи и да се државјани на САД или постојани жители. Тие исто така мора течно да зборуваат англиски.

Remote video URL
Тагови
реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Вести

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Read more

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Read more

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Read more

Во Англија откриено огромно складиште од железното време кое може да го промени разбирањето на историјата

Read more
 

Гик

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Читај повеќе

Кинезите први во светот трансплантираа модифициран свински црн дроб на човек

Читај повеќе

Гумите за џвакање испуштаат стотици честички микропластика во устата

Читај повеќе

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Читај повеќе

Папуа Нова Гвинеја го блокираше пристапот до Facebook поради лажни вести и порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Indiana Jones and the Great Circle во април доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во Англија откриено огромно складиште од железното време кое може да го промени разбирањето на историјата

Читај повеќе

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Читај повеќе