НАСА во новото видео се подготвува за мисиите на Месечината и Марс

Во последните неколку години НАСА напорно работи на враќање на Месечината, а во меѓувреме закажа и неколку мисии на Марс. Новото видео ги промовира нивните мисии и цели за во иднина, а од НАСА велат дека намената на оваа најава е да ја зголеми возбудата за претстојните проекти.

Колку и да звучи чудно, мисијата на Месечината е нешто што предизвикува големо ниво на возбуда кај членовите на НАСА, кои се свесни дека пред нив е огромна шанса чекор напред во истражувањето на вселената.

Последната човечка мисија на Месечината беше во 1972 година, но за наредните неколку години се закажани неколку мисии кои ќе го надополнат недостатокот од активност во минатото и ќе овозможат проучување на вселената на едно ново, повисоко ниво.

„Време е да го направиме наредниот скок. Го градиме следното поглавје од американското истражување на вселената, се враќаме на Месечината, за да можеме да одиме чекор понатаму, на Марс“, вели нараторот на видеото, актерот Мајк Роу.

Видеото прикажува импресивни фотографии на ракети и вселенски станици, како и голем број луѓе кои се вработени во НАСА. Новите мисии на Месечината и Марс се дел од Вселенската директива-1, која минатата година беше потпишана од претседателот на САД, Доналд Трамп.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Наука

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Read more

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе