Населбата Пролет конечно ќе добие детска градинка

Нова детска градинка ќе биде изградена во Општина Центар, во населбата Пролет, во склоп на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“. Почетокот на изградбата ќе почне околу средината на јули, а градоначалникот на Општината, Саша Богдановиќ, најави дека ова ќе биде најголемата градинка во државата.

– Ова е нашиот предлог проект кој што е донесен по донесувањето на новиот детален урбанистички план „Пролет“, и е прва градинка во населбата Пролет, каде според стариот ДУП објектот на локалната самоуправа е заменет со намена детска градинка, што претходно беше предвидено да биде деловен објект, изјави денеска Бодановиќ.

Како што информира, детската градинка ќе биде со подрум, приземје и еден кат со вкупна нето површина од 2.760м² и најголема бруто површина за детска градинка во државата од 3.276м², односно по 21м² за секое дете.

Капацитетот ќе биде 150 дечиња распоредени во девет занимални, ќе биде предвидена урбана опрема и ќе претставува урбана градинка со сандаци, со песок и земја и детски реквизити, лизгалки, лулашки и мостови.

Градоначалникот Богдановиќ рече дека надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попреченост во движење.

– На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа, каде што дечињата ќе можат да се качуваат. Концептот на истата градинка е да обезбеди акцент пред сѐ да се стави во функција на децата за обезбедување на удобен простор за ран развој и игра на децата, додаде Богдановиќ.

Како што рече, во предвиденото техничко решение посебно е внимавано и на тоа сите пристапи и влезови да бидат одделни.

– Ќе има два главни влеза, за деца од 2 до 4 години и од 4 до 6 години, за родители и деца, административен влез за воспитувачи и администрација, влез за вработени во кујна и економски влез од подземен паркинг. Предвидена е изградба на галерија со сигурносна ограда и елементи и три дрвени куќички кои имаат улога на видиковец, додаде Богдановиќ.

Тој посочи дека долж галеријата се предвиудва изградба на тераса со дрвен под, обезбедена и осигурана за безбедно играње на децата.

Во подрумскиот дел ќе е сместена централна кујна, која ќе е во функција само за потребите на градинката.

Градинката е во вредност од 133 милиони денари, без вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од Општина Центар.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска по посетата на објектот посочи дека грижата за најмладите, за децата од претшколска возраст се наоѓа високо на приоритетот на Министерството и на Владата.

– Нашата владина програма предвидува до крајот на мандатот, до 2024 година опфатот на деца од претшколска возраст во градинки да изнесува 60%, рече Шахпаска.

Таа ја истакна заложбата и на локалната самоуправа како носител на проектот. Како што рече, зголемување на опфатот на деца во Општина Центар во предучилишна возраст е потреба која особено беше наметната со пандемијата со COVID-19, имајќи ги предвид протоколите кои го ограничуваат бројот на деца присутни во градинките.

– Се работи за еден современ објект согласно најновите светски, европски стандарди за сместување на деца од предучилишна возраст. Објектот ќе биде од инклузивен карактер и покажува дека инклузија на деца од најрана возраст и од тука пристапноста до сите објекти во градинката говори дека посветено работиме за едно општество за сите, односно пристап до права и услуги за сите деца и граѓани подеднакво, рече Шахпаска.

Таа информира дека изминатиов период се отворени 12 детски градинки низ државата, зголемувајќи го бројот за опфат на деца за 700, а како што најави, до крајот на годината ќе бидат отворени дополнителни 13 градинки, со дополнителен капацитет за 1.300 деца.

реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Македонија

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Read more

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Read more

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Read more

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Read more
 

Вести

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Читај повеќе

Тешко повредена велосипедистка во Охрид откако во неа удрил автомобил

Читај повеќе

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите со симптоми на COVID-19

Читај повеќе

Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Читај повеќе

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници

Читај повеќе

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Читај повеќе

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе