Nat Geo: 8 места кои не смеете да ги пропуштите во Охрид

Ако се најдете во Охрид, ова се местата кои според National Geographic Serbia не смеете да ги пропуштите да ги посетите.

Охридското Езеро се смета за едно од најголемите природни езера во Европа и се наоѓа на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Неговата максимална длабочина е скоро 290 метри, а овие длабочини се дом на бројни растителни и животински видови, од кои многу се ендемични, како што се познатата охридска пастрмка и охридскиот сунѓер.

Брегот на Охридското Езеро се населувал со континуитет со векови, а со сигурност се знае дека во 3 век п.н.е. на ова место постоел градот наречен Лихнид.

Со доаѓањето на Римјаните, Охрид станал важен регионален центар, а во 5 век станал центар на христијанството и таму била основана Охридската архиепископија.

Денешното име - Охрид - го дале Словените, поради неговата положба над езерото: „во хрид“, односно на карпа.

Во 9 век, Кирил и Методиј работеле тука, а нивната мисија ја продолжиле нивните ученици Климент и Наум, браќа родени во Охрид, чиј култ преживеал до денес.

На преминот од 9 во 10 век, Охрид бил престолнина на Самуиловото кралство, од кога потекнува тврдината на највисоката точка на градот.

Пред доаѓањето на Турците, Охрид имал вкупно 365 цркви - за секој ден од годината. Денес, тој број е многу помал, но тие - со својата карактеристична архитектура и духовно наследство - ја претставуваат „душата“ на Охрид.

1. Самуилова тврдина

Над градот се наоѓа Самуиловата тврдина, изградена на преминот од 9 во 10 век. Тврдината била значително оштетена во средниот век, обновена во 2003 година, а денес е една од најважните туристички атракции на градот.

2. Антички театар

Античкиот театар во Охрид се наоѓа во близина на Горната порта и влезот во Самуиловата тврдина. Изградбата на театарот е поврзана со крајот на 3 и почетокот на 2 век п.н.е.

Во римско време, на ова место се воделе гладијаторски борби. Исто така се верува дека ова било место на егзекуција на многу христијани за време на римските прогони.

3. Плаошник

Црквата Свети Пантелејмон на местото Плаошник има континуитет на религиозно место за собирање уште од ранохристијанскиот период. Денешната црква претставува верна реконструкција на храмот, онаков како што го изградил Свети Климент на крајот на 9 век.

4. Света Софија

Историјата на црквата Света Софија е долга и бурна. Изградена е во 9 век како трикорабна ранохристијанска базилика. За време на владеењето на Отоманската Империја била претворена во џамија, а сегашниот изглед го добила во 14 век, по неколку доградби.

Света Софија важи за еден од најважните споменици на културата во Македонија, поради историското значење, но и исклучителната архитектура и богатиот фонд на фрески од 11 и 12 век.

5. Свети Јован Канео

Многумина веруваат дека црквата Свети Јован, попозната како Свети Јован Канео, се наоѓа на најубавата позиција во градот - на висока карпа од која има волшебен поглед на езерото. Името го добила по блиското село каде е изградена, што денес е само дел од Охрид. Црквата е веројатно изградена во 14 век, под силно влијание на ерменската архитектура.

6. Црква Богородица Перивлепта

Откако Османлиите ја срушиле црквата Свети Климент, моштите на Климент Охридски биле пренесени во црквата Богородица Перивлепта, па затоа во следните векови ја нарекувале црква Св. Климент. Некогаш, за време на османлиското владеење и претворањето на црквата Света Софија во џамија, била и соборна црква на Охридската архиепископија.

Како и сите други, се карактеризира со начинот на градење кој дошол од Константинопол, со камен и тула, како и фасадни украси - меандри, шаховска табла и рибина коска.

7. Куќата на Робевци

Двоспратни куќи од ориентален тип биле изградени долж главните пешачки улици на стариот град. Нагоре, кон тврдината, можете да ги видите зачуваните градски куќи од 19 век.

Подоцна жителите на градот изградиле куќи слични на оние од средниот век, а најпознатата зграда од овој тип е куќата на Робевци, резиденција на локални благородници, завршена во 1863 година.

8. Манастир Свети Наум

Манастирот Свети Наум се наоѓа на 30 км од Охрид, а над него се издига планината Галичица. Изграден е во 10 век, во близина на изворот на реката Црн Дрим.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе