НАТО пред тежок избор: Пекол за Путин или неволја за Украина?

Откако Соединетите Американски Држави и НАТО соопштија дека експлозиите во Полска, во кои загинаа две лица, се резултат на операцијата на украинскиот систем за противвоздушна одбрана и случајна грешка за која Украина не е виновна, членките на Северноатлантската алијанса сега имаат четири опции.

Во вторникот вечерта две ракети паднаа врз градот Пржеводов, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Украина. Оваа вест длабоко ја вознемири светската јавност, но и функционерите, кои прво ја обвинија Русија.

Во моментите кога се мислеше дека Русија ја нападнала Полска – членка на НАТО алијансата - се зборуваше за активирање на фамозниот член 5, кој се користи во случај на нуклеарна закана и подразбира заедничка воена акција на сите членки на Алијансата.

Сепак, тензиите ги намали американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека не може со сигурност да потврди дека се работи за руски ракети и дека најдобро би било да се почека крајот на истрагата.

Овие наводи следниот ден ги потврди и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој на прес-конференција рече дека ракетите пристигнале од Украина, но дека земјата не е виновна.

Иако членот 5 речиси сигурно нема да се активира, има уште четири опции кои членките на НАТО може да ги користат во наредниот период.

Затворање на небото над Украина

Од самиот почеток на војната на 24 февруари годинава, едно од првите барања на Украина беше членките на НАТО да го затворат небото над таа земја, за да спречат ракетни напади од Русија.

Оваа опција беше ставена во мирување во тоа време, бидејќи претставниците на НАТО сметаа дека тоа е драстичен чекор што ќе направи повеќе штета отколку корист. Жестоките напади врз украинските градови продолжија и во следните месеци, најголемиот дел од инфраструктурата на земјата беше уништен, а ова барање на Украина сè уште не е исполнето.

Сега, кога територијата на Европа и НАТО е загрозена поради „прелевање“ на воените активности, можно е НАТО сепак да ја разгледа оваа опција на вонредни состаноци, за да ги заштити своите членки.

Зголемена испорака на оружје за Украина

Во исто време, Украина побара од западните партнери да ја зголемат понудата на оружје, за да може поуспешно да се справи со руските напади. Со исклучок на Америка, во претходниот период останатите членки на НАТО значително ја намалија испораката на оружје за Украина.

Со помош на системи за противвоздушна одбрана од Запад, Украина успеа да ги одбие руските ракетни напади. Вчерашните настани во Полска можат да и помогнат на Украина да ги убеди своите западни партнери дека тоа е неопходен чекор и дека, освен сумата на пари што треба да се распредели, може да донесе и придобивки за членките на НАТО.

Дополнителни санкции против Русија

Еден од чекорите за кои НАТО може да размислува е воведување дополнителни санкции против Русија, со цел барем делумно да се намалат нападите врз Украина.

Осумте пакети санкции што Европската Унија и Соединетите Американски Држави досега и ги воведоа на Русија го немаа очекуваниот ефект. Економијата на Руската Федерација го преживеа ударот, но не доволно за да го принуди Владимир Путин да ги прекине непријателствата.

Во случај на закана за територијата на Европа и НАТО, членките може да размислат за порадикални санкции.

Зголемување на борбената готовност на членките на НАТО

Некои земји веќе го направија овој чекор, пред се Полска. Локалните власти на овој чекор се решиле веднаш по експлозијата во пограничната област, пренесува Нова.рс.

Слична е ситуацијата и со Литванија, која веќе извесно време е во состојба на готовност поради руската енклава Калининград, а од напад стравува и Финска.

Нордиските земји веќе ја зголемија својата борбена готовност, а некои испратија дури и војници на границите со Русија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе