НАТО в понеделник почнува нуклеарни вежби

НАТО денеска информираше дека в понеделник ја почнува својата годишна нуклеарна вежба „Steadfast Noon“, со до 60 авиони што ќе учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и над Велика Британија, со цел да се вежба користење американски нуклеарни бомби распоредени во Европа.

Нуклеарните вежби не вклучуваат вистински бомби.

„Steadfast Noon“, веројатно ќе се совпадне со годишните нуклеарни вежби на Москва, наречени „Гром“, што претежно се спроведуваат кон крајот на октомври и каде Русија ги тестира своите бомбардери, подморници и проектили што можат да носат нуклеарно оружје.

НАТО нагласи дека западните вежби не се поттикнати од тензиите со Русија изминатиот период.

„Вежбата што трае до 30 октомври, е рутинска, повторлива активност за обука и не е поврзана со какви било актуелни случувања во светот“, пишува на веб страницата на Сојузот.

Оттаму додаваат дека нема да се користи борбено оружје.

Како што се наведува во соопштението, Белгија е домаќин на вежбите, каде ќе учествуваат 14 земји и до 60 авиони, вклучувајќи ги најнапредните борбени авиони на пазарот и американските бомбардери со долг дострел Б-52 што ќе пристигнат од воздухопловната база Минот во Северна Дакота.

Во вторникот, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг јасно даде до знаење дека Алијансата ќе продолжи со своите вежби и покрај напнатата меѓународна состојба, потсетуваат дел од светските медиуми.

Откажување на вежбите поради војната во Украина, според него, би испратило „многу погрешен сигнал“. Тој смета дека воената сила на НАТО е најдобар начин да се спречи понатамошна ескалација на тензиите. 

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе