Научници именуваа бактерија по Киану Ривс, тој им рекол да ја преименуваат во Џон Вик

Германските научници неодамна еден вид бактерии кои убиваат габи именуваа по актерот Киану Ривс.

Како што се наведува во соопштението, еден вид бактерија од родот Pseudomonas именувана како Keanumicini, по актерот Киану Ривс, се бори против габични заболувања на растенијата и габи патогени за луѓето. Та е безопасна за растителните и човечките клетки, што ја прави еколошки прифатлива алтернатива на хемиските пестициди.

„Липопептидите убиваат толку ефикасно што ги именувавме по актерот Киану Ривс, бидејќи тој е исто така исклучително смртоносен во своите улоги“, вели Зебастиан Гетце, истражувач во германскиот Институт за истражување на природни производи и биологија на инфекции во Лајбниц.

Ова име, избрано од германските научници, беше објавено уште во јануари годинава во списанието на Американското хемиско друштво и повторно се најде на насловните страници откако еден од обожавателите на Ривс го праша актерот што мисли за тоа.

Ривс во таа прилика се пошегувал и одговорил дека овој вид бактерии требало да го именуваат по неговата улога на Џон Вик. Овој 58-годишен канадски актер на крајот им се заблагодарил на научниците за сѐ што прават со нивните истражувања.

Ликот на Џон Вик е од истоимениот акционен трилер „John Wick“ од 2014 година за платен убиец кој тргнува во одмазда по оние што му го убиваат кучето, негов последен подарок од покојната сопруга. Иако направен без планови за продолженија, поради огромниот успех филмот доби две продолженија, а третото ќе излезе годинава. Има и спиноф серија и филм кој допрва треба да излезат.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе