Научници од Оксфорд развија потенцијално нова вакцина против маларија

Нова потенцијална вакцина против  маларија се покажа ефикасна при тестирањето на бебиња во Африка, а тој напредок би можел да го намали бројот на починати од болеста што ја пренесуваат комарците. Годишно од маларија умираат половина милиони деца.

Вакцината е развиена од научници од Универзитетот Оксфорд, а е наречена R21/Matrix-M. Истата се покажа 77 проценти ефикасна во истражување од една година, спроведено на 450 деца во Буркина Фасо.

Водач на истражувањето е Адријан Хил, директор на институтот Jenner при Оксфорд и еден од главните научници кои стојат зад вакцината на AstraZeneca и Оксфорд, против COVID-19.

Во конечната фаза вакцината ќе се тестира во четири африкански држави, на скоро 5.000 деца на возраст меѓу 5 месеци и 3 години, пренесе Reuters.

Хил има големи очекувања од потенцијалот на вакцината којашто би можела да биде првата што ги исполнува целите на СЗО за ефикасност од 75 проценти.

Научниците низ светот со децении работат на развој на вакцина против маларија, комплицирана болест предизвикана од паразит што го пренесуваат комарците.

Од маларија секоја година се заразуваат милиони луѓе, а најмногу умираат деца кои живеат во најсиромашните делови на Африка.

Прва и засега единствена одобрена вакцина против маларија е развиена од GlaxoSmithKline, но ефикасна е во 30 проценти од случаите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе