Веројатно веќе знаете и сте почувствувале колку долготрајното седење не е добро за вас. Научниците се обидоа да дознаат колку време е потребно да вежбате за да не ги почувствувате негативните ефекти предизвикани од седењето.

За среќа, успеаја во тоа, пишува Science Alert. Околу 40 минути на ден умерено до интензивно вежбање е доволно за воспоставување рамнотежа по 10 часа седење, иако секоја вежба па дури и само стоењето помагаат во одредена мера.
Резултатите од анализата се направени на темел на 9 претходни студии во кои се опфатени 44.370 луѓе. Студијата утврди дека ризикот од смрт меѓу оние со седечки стил на живот е пораснат кога се намалило времето потрошено на умерени и интензивни физички вежби.
Се покажало дека умерено интензивните активности како возење велосипед, прошетка или трчање можат да го намалат ризикот од прерана смрт кај луѓето кои седат долго.
Некои од начините кои можат да помогнат да бидете физички активни се одењето по скали наместо користење лифт, играње со децата, медитација, танц, вршење домашни обврски или возење велосипед.
Ако на самиот почеток не може веднаш да издржите 30 минути умерено до интензивно вежбање, истражувачите советуваат првин да почнете со пократко време, па полека да го адаптирате на вашите можности.