Научниците тврдат дека постои причина зошто чекан ајкулите изгледаат чудно

Од сите ајкули кои пливаат во светските океани, со својот необичен изглед веројатно најмногу се издвојуваат чекан ајкулите, но научниците сега тврдат дека „широката глава“ им пружа неколку предности.

Чекан ајкулите воглавно живеат во потоплите мориња и океани долж крајбрежјата, како и континенталните прагови. Најчесто можат да се забележат околу островите Малпело во Колумбија, Галапагос, Молокаи на Хаваи и долж бреговите на Јужна и Источна Африка. Во текот на денот пливаат во јата, додека навечер се самостојни ловци.

Овие ајкули се карактеристични поради нивниот изглед, кој делува како некој да ги зграпчил за очните шуплини и да ги повлекол на страна - додека остатокот од телото им личи како и на сите останати ајкули. Сосема сигурно дека т.н. цефалофил има своја функција, а научниците сметаат дека оваа необична картактеристика им пружа неколку предности.

Првата предност има врска со видот. Чекан ајкулите имаат посебни органи за слух кои се нарекуваат Лорензиниеви ампули, кои се наоѓаат на долната страна од нивните глави. Овие органи налик на пори можат да откријат електрицитет, бидејќи во основа се однесуваат како детектор за метал - откривајќи и лоцирајќи плен кој е закопан под песокта на дното од океанот. И обичните ајкули ги имаат овие сензорски органи, но чекан ајкулите имаат многу повеќе од тие пори. Што пооддалечени овие слушни органи се на страните на главата, толку попрецизни се во одредувањето на локацијата на пленот.

Научниците, исто така, мислат и дека цефалофилот помага овие ајкули да се движат побрзо додека пливаат.

Remote video URL
Семејно стебло на чекан ајкулите

Проучувањето на фосили од чекан ајкулите се сведува на проучување на нивните заби, бидејќи нивните тела немаат коски туку рскавици. Рскавицата се разградува многу побрзо отколку заб или коска, така што ретко се фозилизира. Но, бидејќи фосилите од заби не кажуваат ништо за еволуцијата на нивните черепи, научниците искористија ДНК материјал земен од клетки на овие ајкули.

Резултатите покажаа дека постарите видови имале пропорционално поголеми издолжувања, а помладите видови помали. Научниците објаснуваат дека секое животно може да се роди со дефект кој може да биде корисен за неговиот опстанок. Сѐ додека абнормалноста не го загрожува неговиот опстанок и способност за репродукција, таа особина може да се пренесе на наредната генерација. Според тоа, веруваат дека всушност токму тоа и се случило со чекан ајкулите.

Тагови
реклама

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе