Навика што ја практикуваат успешните парови, според психолозите

Во нивната потрага да откријат што е тоа што придонесува љубовта да трае, психолозите, истражувачите и сопружниците Џон и Џули Готман интервјуираа повеќе од 3.000 парови, некои следејќи ги дури 20 години.

Се разбира, не постои формула за долготрајно партнерство, но паровите кои се среќно заедно со години имале неколку заеднички работи, откриле Џон и Џули Готман.

Во интервју за нејзината онлајн-наставна платформа „Sessions“, психотерапевтката Естер Перел ги интервјуираше Џон и Џули за нивното истражување. Една заедничка карактеристика што ја имале најуспешните парови, открила двојката Готман, била нивната способност за „поправање“.

„Паровите кои беа навистина успешни неколку години подоцна беа оние кои се поправаа кога ќе кажеа и направеа нешто погрешно“, изјави Џули Готман.

Но, поправањето не значи купување цвеќе или почестување на вашиот партнер со скапа вечера. Тоа може да биде прашање или коментар кој потврдува дека нашиот партнер е личност, а не непријател.

Џон Готман го дал примерот на еден од неговите клиенти кој штотуку се скарал со својата партнерка: „Типот рече: ‘Па, сега откако си ги уништивме личностите на еден на друг, сакаш по едно парче чизкејк?“

По поправката, важно е да се изрази позитивност

За време на едно од најголемите студии на двојката Готман, тие откриле дека односот на позитивните и негативните интеракции за време на конфликтот мора да биде пет спрема еден.

За оваа студија, двојката Готман побара од паровите да се обидат да ги решат несогласувањата за 15 минути. Тие го снимија конфликтот, ја гледаа снимката и секоја интеракција ја категоризираа како позитивна или негативна.

Позитивните интеракции вклучуваа насмевка, допирање на раката на другата личност или едноставно велење: „Разбирам“. Негативните интеракции беа навреда или обвинување на другата личност.

„Набљудувавме парови, снимавме податоци, а потоа ги пуштивме назад во ‘дивината’“, напишаа тие во нивната книга „The Love Prescription: 7 Days to More Intimacy, Connection, and Joy“.

„Паровите кои одржуваа барем сооднос пет спрема еден (или повеќе) за време на конфликтот сè уште беа среќни заедно и сè уште чувствуваа љубов“, заклучуваат Џон и Џули Готман.

Тие исто така препорачуваат да не се користат фразите „секогаш“ и „никогаш“ кога сакаме да укажеме на некое однесување на партнерот. На пример, наместо да кажете „Никогаш не ме носиш на вечера“, речете: „Сакам да поминуваме повеќе време заедно. Би било убаво да организираш да одиме на вечера“.

Или, наместо да критикувате со: „Секогаш сакаш да си во право“, речете: „Чувствувам дека имаш тенденција твојот збор да е последен. Каков е твојот впечаток?“.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе