Навики во исхраната за кои погрешно веруваме дека помагаат за слабеење

А.С.
/ 07.06.2022 / 09:42

Правилата за тоа како да се храните здраво и да изгубите тежина толку често се менуваат и прилагодуваат со секоја нова диетална стратегија што е тешко да се следат. И среде сета конфузија и неизвесност, често наидуваме на диететски шеми кои прават повеќе штета отколку корист.

Вообичаено е луѓето да развијат навики во исхраната за кои веруваат дека се одговорот за губење на тежината. Следејќи ги погрешните совети кои не функционираат, можете да почувствувате дека нешто не е во ред со вас. Еве некои од оние навики во исхраната кои тајно ја поткопуваат вашата цел за слабеење.

Многу малку јадете

Логиката ни кажува дека ако се здебелиме затоа што јадеме премногу, тогаш ако јадеме многу малку, тоа треба да ни помогне да изгубиме тежина. Ова е едноставно погрешно иако е вообичаен пристап на повеќето луѓе.

„Не само што ова може да доведе до зголемена желба, туку влегувањето во зоната на гладување може да го забави вашиот метаболизам преку адаптивна термогенеза“, вели членот на медицинскиот одбор Лиза Московиц.

Ако вашето тело не ги добива потребните калории и хранливи материи за правилно функционирање, ќе реагира со задржување на масните клетки.

Следите строга диета со малку јаглехидрати

Јаглехидратите толку често се негативно прикажани во книгите за исхрана, онлајн програмите и рекламирањето на храната што ги навеле луѓето, обрнувајќи внимание на нивниот внес на јаглехидрати, максимално да се обидат да ги елиминираат речиси сите јаглехидрати.

„Да, ги намалувате калориите и можете да изгубите тежина на вода бидејќи јаглехидратите ја задржуваат водата во ткивата, но губењето на тежината обично е минливо“, велат членовите на медицинскиот одбор Тами Лакатос Шемс и Лиси Лакатос.

Прескокнувате оброци

Прескокнувањето на појадок, ручек или вечера во обид да се намали внесот на калории не е најдобриот начин за слабеење.

„Освен ако не постите повремено и има одредена конзистентност во вашиот план за исхрана, а долго чекање за јадење на крајот ќе ве направи толку гладни што ќе ги вратите сите калории што би ги изел за време на оброкот“, додаваат тие.

Ги избегнувате сите масти

Опсесијата со броење дневни грама масти не само што не е забавна, туку и не е здрава.

„Мастите не се непријател и здраво е да се вклучат некои здрави масти, како што се јаткастите плодови и маслиново масло кога се обидувате да изгубите тежина“, вели регистрираната диететичарка и нутриционист Лиза Јанг.

Мастите заситуваат, па иако се калорични, може да ви помогнат да изгубите тежина.

„Клучот е да се вклучат здрави масти во разумни дози“, вели д-р Јанг.

Избирате производи без маснотии

Ова е уште една грешка што ја прават луѓето на диета и која води до нездраво однесување.

„Храната без маснотии не ве заситува, па на крајот јадете поголеми порции храна со малку маснотии, што на крајот доведува до прејадување и зголемена желба. Кога ги отстранувате мастите од храната, тие често се заменуваат со шеќер за да се подобри вкусот“, додава таа.

Вишокот изеден шеќер се претвора во маснотии, што е токму она што се обидувате да го спречите.

Претерување со протеини

Опсесијата со низок внес на јаглехидрати оди рака под рака со претерувањето со внесот на протеини.

„Многу луѓе мислат дека ако ги намалам јаглехидратите, можам да ги јадам сите протеини што ги сакам без да обрнувам внимание на големината на порциите. Сум видел како клиентите добиваат тежина користејќи го овој пристап“, истакнува таа.

Подобар начин за слабеење е да вклучите храна од сите групи и да обрнете внимание на големината на порциите, како и нивото на глад.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе