Навивачи на Лацио иронично го поддржаа Катарецот во ставовите за хомосексуалците

Една подгрупа од контроверзните ултраси на Лацио излезе со поддршка за катарскиот мундијалски амбасадор кој претходно предизвика бура режакции со изјавата дека „хомосексуалците имаат психички проблеми“.

Крајно десно ориентираните навивачи на Лацио, познати како подгрупата Ултрас Лацио, истакнаа транспарент пред стадионот „Олимпико“ во Рим пред завчерашниот натпревар со Монца во вонредното коло од Серија А.

На транспарентот тие напишаа: „Халид Салман... Ултрас Лацио се со тебе!“, што делува како јасна поддршка на неговите ставови од страна на оваа подгрупа на Курва Норд.

Салман се најде во центарот на вниманието со изјавата дека хомосексуалноста е ментално пореметување и тоа само десетина дена пред почетокот на Мундијалот кој се игра токму во неговата земја.

Хомосексуалноста е противзаконска во Катар, поради што некои држави ги предупредија своите навивачи да избегнат патување на Мундијалот, а други побараа да се бојкотира светскиот собир.

Сепак, настанот со навивачите на Лацио има друга позадина. Имено, тие објавија дека всушност не ги поддржуваат статовите на Салман, барем не со истакнатиот транспарент.

Зошто тогаш зборови на поддршка?

Италијанските власти истата ултрас група ја обвинија за антисемитски извици за време на неодамнешното Дерби дела Капитале против Рома. Поради тоа, навивачите одлучиле иронично да го поддржат Салман за да видат дали тие ќе бидат повеќе осудени отколку човекот што ја даде таа изјава, односно Салман.

„Да ви објаснам со оглед на тоа што не разбирате ништо. Бидејќи не се осудува никој со изјавата на амбасадорот од нацијата која е домаќин на Мундијалот, сега истото го кажавме ние и гледаме како се прави скандал. Очигледно од цел свет, поради тоа што доаѓа од лацијали. За да заработат пари се прават на Тошо дека во Катар сѐ е супер.
Да резимираме: транспарентот е иронија.
Но, доволно беше да се прочита синоќешното соопштение“, напиша Дарио Спирито, еден од водечките лица во подгрупата Ултрас Лацио.

Како и да е, останатите навивачи на Лацио го критикуваа овој потег на нивните сонавивачи директно на Instagram профилот на подгрупата каде што се пофалија со фотката.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе