СЕРИЈА А 2019/20

Навивачите на Интер му објаснија на Лукаку зошто инцидентот во Каљари не е расизам

„Како што не сме ние расисти, така не се ни навивачите на Каљари. Лукаку, тука во Италија се користи секој можен начин за да се изнервира противничкиот играч“. Навивачите на Интер со писмо до Лукаку му објаснија што всушност се случи во неделата во Каљари и го предупредија дека слични испади и понатаму ќе доживува.

Имаше или немаше расизам на натпреварот помеѓу Каљари и Интер одигран во неделата? Кога белгискиот репрезентативец Ромелу Лукако го изведуваше пеналот против домашната екипа, мајмунски извици долетуваа од трибините. Но, такви дофрлувања претходно немаше, иаку Лукаку, кој патем е по потекло од Конго, беше на теренот.

За оваа појава објаснување има Курва Норд, навивачката група на Интер. Сакајќи да го заштити својот нов миленик, тие упатија малку контроверзно писно до самиот играч во кое ги бранат невкусните испади на навивачите на Каљари објаснувајќи дека биле само да го изнервираат па тој да го промаши пеналот.

Целосното писмо на Курва Норд до Лукаку:

„Чао Ромелу

Ти пишуваме од името на Курва Норд, да, момците кои ти посакаа добредојде веднаш штом пристигна во Милано.

Многу ни е жал бидејќи помисли дека она што се случи во Каљари беше расизам.

Мора да разбереш дека Италија не е како останатите европски земја каде расизмот е НАВИСТИНА проблем.

Разбираме дека тоа е она на кое веднаш помисли, но не е така.

Во Италија употребуваме одредени „начини“ само за да му „помогнеме на тимот“ и да пробаме да ги изнервираме противниците, не поради расизам туку за да грешат.

Ние сме мултиетничка тифозерија и секогаш сме ги прифаќале играчите кои доаѓале од секаде, а дури и ние во минатото сме користеле слични начини за нервирање на противничките играчи и веројатно ќе го правиме и во иднина.

Ние не сме расисти, исто како што не се ни навивачите на Каљари.

Мора да разбереш дека на сите италијански стадиони луѓето навиваат за своите тимови, но во исто време се навикнати и да навиваат против противниците, не заради расизам туку за да му помогнат на својот тим.

Те молиме ова однесување на италијанските навивачи да го доживуваш како еден вид на почит кон тебе поради нивниот страв од головите кои можеш да им ги дадеш, не бидејќи те мразат или се расисти.

Расизмот е една тотално различна ствар и сите италијански навивачи тоа многу добро го знаат.

Кога велиш дека расизмот е проблем кој треба да се искорени од Италија, не правиш ништо друго туку ја потпалуваш репресијата на сите навивачи вклучувајќи ги и твоите и придонесуваш кон создавањето на проблем кој всушност тука не постои или барем не е присутен онака како што е во други земји.

Ние сме многу чувствителни и инклузивни со сите. Можеме да ти гарантираме дека помеѓу нас има навивачи од сите раси и етникуми кои го делат ваквиот начин на провоцирање на противничките играчи на Интер дури и кога тие се од истата раса или етникум како навивачите.

Те молиме да помогнеш во разјаснувањето на она што навистина е расизам и дека италијанските навивачи не се расисти.

Борбата со ВИСТИНСКИОТ расизам треба да почнува во училиштата, а не на стадионите, навивачите се само навивачи кои на стадион се однесуваат на поинаков начин отколку во вистинскиот живот.

Биди сигурен дека она што му го зборуваат или прават на противнички играч со друга боја на кожа никогаш не би го рекле или направиле во вистинскиот живот.

Италијанските навивачи не се перфектни, но сепак ја разбираме фрустрацијата која може да ти ја направат одредени дофрлувања, а тие не се употребени на диксриминаторен начин.

Уште еднаш....

ДОБРЕДОЈДЕ РОМЕЛУ“

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе