Навивачите на Хајдук тргнаа да се пресметаат со Бед Блу Бојс, играчите избегаа од теренот

Макфакс/Кајгана
/ 04.04.2024 / 08:18

Немили сцени се случуваа на стадионот „Пољуд“ во Сплит по полуфиналето од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо.

Гостите од Загреб, вторпат во само четири дена, беа подобри од Хајдук среде Сплит. Со голот на Сандро Куленовиќ славеа со 1:0 и се пласираа во финалето, а пред четири дена со ист резултат „Модрите“ победија и во првенството.

На Хајдук овојпат не му помогна ниту тоа што Иван Перишиќ, легендата на хрватскиот фудбал, заигра за прв пат откако потпиша договор со клубот. Тој влезе во игра во 72. минута и предизвика ерупција од воодушевување кај навивачите на „Пољуд“.

Од македонските фудбалери, Александар Трајковски беше на клупата на Хајдук и доби шанса од 65-тата минута, додека Стефан Ристовски почна за Динамо и играше до 90-тата кога беше заменет за да се задржи време. Аријан Адеми не беше воопшто во составот на „Модрите“.

Remote video URL

По завршувањето на натпреварот, навивачите на Хајдук, популарните Торцида, револтирани од резултатот, бесот сакаа да го искалат врз гостинските нвивачи.

Ја пробија заштитната ограда и полицискиот кордон пред северната трибина и влегоа на теренот. Фудбалерите на двата тима веднаш избега во соблекувалните.

URL

Толпата тргна кон јужната трибина, но потоа следуваше реакцијата на специјалните полициски сили, кои ги опкружија хулиганите и успеаја да ги вратат на северната трибина, по што тензиите стивнаа.

URL

Динамо по 24 пат ќе игра во финалето на националниот Куп, каде досега освои рекордни 16 титули. Противник ќе му биде Ријека, која по деветти пат ќе игра финале, во кое ќе се бори за седмата титула.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе