НБА трејдови кои можат да го сменат текот на сезоната

Како што се ближи февруари, така доаѓаме поблиску до трејд рокот, односно датумот до кој тимовите смеат да ги изменуваат составите преку размени на играчи. Со оглед на тоа што сме на половина од сезоната, повеќето од тимовите веќе имаат идеја кои играчи им се потребни, а кои не.

Со вчерашниот пораз на Кливленд Кавалирс од Голден Стејт Вориорс стана јасно дека разликата помеѓу најдобриот тим во лигата и сите други е огромна, можеби најголема во историјата. Вориорси изгледаат незапирливо, дури и кога играат без една од нивните ѕвезди.

Баш поради тоа, тимовите како Кливленд Кавалирс, Хјустон Рокетс и Торонто Репторс треба добро да размислат дали се спремни да бидат вториот, третиот или петтиот најдобар тим во НБА лигата, и дали тоа воопшто значи нешто.

 

Никола Миротиќ

Крилниот центар на Чикаго Булс во последниот месец ја игра најдобрата кошарка во неговата професионална кариера. Откако се врати во составот на Булс по нокаутот кој го доби од неговиот соиграч Боби Портис, Миротиќ игра како препороден. Во досегашниот тек на сезоната тој има просек од 17,4 поени и 7 скока, а според стилот на игра би му бил потребен на секој тим кој бара шутер на една од високите позиции.

Заинтересирани тимови: Детроит Пистонс, Јута Џез

 

Марк Гасол

Шпанскиот центар статистички не е на неговото препознатливо ниво од претходните неколку години, но сепак, сите тимови од лигата ги знаат неговите квалитети во одбрана и во напад. Гасол е еден од најквалитетните центри во НБА лигата и играч со лидерски квалитети каков што е тој му се потребни на секој тим. Тој би можел да ги реши проблемите на многу екипи, но најпрво треба да го реши неговиот проблем – раководството не дозволува тој да биде трејдуван.

Заинтересирани тимови: Кливленд Кавалирс, Бостон Селтикс

 

Деандре Џордан

Еве една податок кој ќе ве остави без зборови: вчерашниот натпревар помеѓу Клиперс и Рокетс беше првиот натпревар кој Џордан го пропушти во 10-годишната кариера. Досега тој ниту одмараше, ниту пак беше повреден. Дефанзивна планина под кошевите, мајстор за фаќање топки во рекетот, но со ограничени офанзивни способности. Досега Кавалирс беа најзагреани за моќниот центар, но тој денеска преку неговиот агент објави дека сака трејд во Хјустон Рокетс.

Заинтересирани тимови: Кливленд Кавалирс, Хјустон Рокетс

 

Кемба Вокер

Константно потценет, секогаш на ниво на задачата – така може да се опише Кемба Вокер, плејмејкерот на Шарлот Хорнетс. Да бидеме искрени, Хорнетси немаат шанси за плејоф оваа сезона, па можеби е најдобро да не му го трошат талентот на Вокер во тим кој не оди никаде со години. На почетокот на сезоната имаше неколку тимови кои се појавија како потенцијални трејд-дестинации за плејмејкерот, но ниту еден од нив не повлече конкретен потег.

Заинтересирани тимови: Денвер Нагетс, Сан Антонио Спарс

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе