Не само Лаутаро: Барса сега го сака и Шкринијар

Очигледно Барселона има намера наредниот преоден рок шопингот да го прави во Милано откако по голгетерот Лаутаро на листата на желби се најде и словачкиот дефанзивец.

Како што открива Mundo Deportivo, Каталонците сакаат својата одбрана да ја засилат со Милан Шкринијар. Репрезентативецот на Словачка има пазарна вредност од 70 милиони евра што е проблем за Барса поради тоа што нивните финансии не одат во добар правец.

Барселона отвора нов фронт во трансфер дуелот со Интер. Во тефтерот со желби на клубот од „Камп Ноу“ влегол и Словакот, а таму веќе е дефанзивното триот на Јувентус и тоа Матајс де Лихт, Даниеле Ругани и Матија Де Шиљо. Ако најскапата варијанта е Де Лихт, тогаш Шкринијар и не е многу поефтин со оглед на долговите кои ги има Барса.

Сепак, Mundo Deportivo е докажан извор на точни информации кога станува збор за Барса бидејќи весникот е многу близок до луѓето во клубот, што во минатото многу пати го докажал со објавување на точни информации. Велат дека планот на Барса е да ја намали цената на Шкринијар со што во трансферот ќе го вметне Французинот Самуел Умтити, па Интер би добил и пари и замена.

Досегашните преговори на Барса за трансфер на Лаутаро не дојдоа ни блиску до договор со оглед на тоа што Интер сака да добие чисти пари или пак помала сума, но со вметнување на Артуро Видал, единствениот играч на Барса на кого „Нераѕурите“ му имаат фрлено око. Претпоставката е дека во иста насока би се одвивале и преговорите за Шкринијар.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе