„Не сме безбедни“ – протест пред МВР за поддршка на жртвите на родово базирано насилство

Група загрижени граѓани и граѓанки, револтирани од повторното затајување на институциите, неспремноста и некомпетентноста на полицијата и немањето вистинска волја да ја завршат својата заштитничка и превентивна функција кога станува збор за на жртвите на родово базирано насилство, сексуален напад и вознемирување, најавија протест пред Министерството за внатрешни работи.

Протестот е закажан за в петок, 17 февруари, во 15 часот пред Министерството за внатрешни работи.

„Случајот кој во медиумите стана познат како ‘дивиот таксист кој ѝ избега на полицијата’ по илјадити пат укажа на истите недостатоци на институционална поддршка на жртвите кои пријавуваат родово базирано насилство.

Во изминатиот период имаме пораст на случаи на родово-базирано насилство: таксисти кои напаѓаат девојки, партнери кои ги претепуваат и пукаат во своите девојки, сексуално уценување на 14-годишно девојче од страна на повеќе мажи, а листата секојдневно се надополнува.

Ова е резултат на повеќе аспекти од нашето општество длабоко вкоренети во системската неедаквост и нормализирањето на насилството како дел од културата“, велат организаторите на протестот.

Нивните барања се:

-санкции за нестручните полициски службеници кои ги изложуваат жртвите на дополнително вознемирување.

- обучени полициски службеници кои ќе си ја вршат работата за која се платени.

- секоја пријава да биде третирана со максимална професионалност, но и да биде дочекана со емпатија, солидарност и поддршка.

- да бидеме безбедни во своите градови, улици и живеалишта.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да ја искажете својата поддршка кон жртвите на родово базираното насилство да им се придружат пред МВР во 15 часот.

Повеќе информации може да најдете на ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе