Не сме биле само ние смотани: Промовираат италијански туризам со снимки од Словенија

Се сеќавате кога Министерството за економија на веб-страницата за платформата „Дома си е дома“ употреби фотографија од езеро во Германија за да промовира домашен туризам во Македонија? Е па, не сме биле само ние смотани.

Италијанското Министерство за туризам се соочи со потсмев откако во официјалното видео за привлекување туристи во Италија беа користени снимки со луѓе во Словенија како пијат словенечко вино.

Видеото, дел од кампањата од 9 милиони евра, во продукција на комуникациската групација Armando Testa, беше нашироко исмеана од критичарите и на социјалните мрежи дури и пред да се дознае дека дел од снимките се направени надвор од Италија.

Насловено Open to Meraviglia, видеото прикажува компјутеризирана „инфлуенсерска“ верзија на Венера, симбол на италијанската уметност, како што е прикажана од Сандро Ботичели во неговото ренесансно ремек-дело „Раѓањето на Венера“.

Многу модерната „Венера“ облекува мини здолниште и е прикажана како јаде пица и ги претставува некои од главните туристички атракции во Италија, како што се Колосеумот во Рим или катедралата во Фиренца.

Историчарот на уметност Томазо Монтанари ја нарече рекламната кампања „гротеска“ и „безобразно“ трошење пари, додека корисниците на италијанските платформи за социјални медиуми се исмеваат со видеото.

Најконтроверзната снимка покажува група млади луѓе како се смешкаат на сонце и пијат вино во сцена што е прикажана како „типично италијанска“. Меѓутоа, гледачите со соколово око забележале дека станува збор за локација во регионот Котар во Словенија, блиску до италијанската граница, а шишето на масата има етикета за вино од Котар.

Групата за комуникација Armando Testa не беше веднаш достапна за коментар.

Италијанската министерка за туризам, Даниела Сантанче, членка на екстремно десничарската партија Италијански браќа на премиерката Џорџа Мелони, ги нарече критичарите на видеото „снобови“ и рече дека прикажувањето на Венера како инфлуенсерка има за цел да привлече млади луѓе.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе