Нејмар бира нов тренер на ПСЖ: Еден од предлозите е Луис Енрике

Нејмар Да Силва на сопственикот на клубот од Парис, Ал Калифи, му предложил да го промени тренрот Унај Емери и наместо него на таа позиција да го постави Луис Енрике.

За нов тренер досега како главен кандидат најмногу фигурира Антонио Конте од Челзи, но Нејмар му порачал на шеикот дека не му се допаѓа стилот на игра на Италијанецот, и дека токму Луис Енрике е подобро решение, пренесуваат бројни шпански и француски медиуми.

Првата ѕвезда на „Светците“ моментално се наоѓа во родниот Бразил, каде оздравува од повреда, а при посетата на Ал Калифи и спортскиот директор на клубот, Нејмар ги советувал да го ангажираат Луис Енрике.

Нејмар имаше успешна соработка со Луис Енрике во Барселона, каде двајцата за само три сезони освоија дури девет титули (две Примери и Лига на шампиони), а потоа минатото лето во исто време заминаа од Ноу Камп.

Едно е сигурно, Унај Емери на крајот од сезоната сигурно заминува од Париз поради неуспехот во Лигата на шампионите, односно елиминацијата од мадридскиот Реал во осминафиналето, без разлика на тоа што е близу до освојување на титулата шампион во француската Лига 1.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе