КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Нејмар го пропушта вечерашното дерби против Аргентина

Бразилскиот виртуоз се пожали на болки во бутот поради што е ослободен од рептрезентацијата и ќе се врати назад во Париз.

Голем пех за Бразилците пред дерби дуелот на гости кај Аргентина во рамки на мундијалските квалификации. По синоќешниот тренинг Нејмар се пожали на болки во бутот и не отпатува за Сан Хуан со неговите соиграчи.

„Поради повреда на бутот Нејмар нема да игра со Аргентина во натпреварот од квалификациите за Светското првенство. Нејмар не отпатува за Аргентина со остатокот од бразилската репрезентација и во среда ќе се врати во Франција“, објави Бразилската фудбалска конфедерација.

Дополнија и дека бидејќи немало доволно време да се извршат дополнителни медицински прегледи, бразилскиот стручен штаб на чело со селекторот Тите одлучил да не го става на ризик бидејќи секако Бразил го има заверено пласманот на завршницата во Катар.

Иако бодовите на Бразил не му се императив, секој натпревар со големиот ривал Аргентина има големо значење. Во Јужна Америка ова дерби е познато како Суперкласико де лас Америкас, а го виката уште и Класико дел Атлантико.

Во спротивниот табор, Лео Меси е во составот, но и неговото играње е под знак прашалник. Тој не настапи за ПСЖ на последните два натпревара, но ѝ се приклучи на репрезентацијата, што предизвика нервоза кај парискиот клуб. Во четвртокот против Уругвај влезе од клупата, а селекторот Лионел Скалони синоќа потврди дека ќе биде во комбинација и против Бразил, а дали ќе настапи останува да видиме вечерва од 0:30 часот после полноќ.

Ова ќе биде прва средба на овие две репрезентации во актуелниот квалификациски циклус бидејќи во септември дуелот во Саун Пауло беше прекинат по само 6 минути игра и не беше доигран, а сѐ уште нема ни разрешница од ФИФА дали ќе се преигра или ќе има службена победа.

Натпреварот се игра на стадионот „Сан Хуан де Бисентарио“ во градот Сан Хуан на Андите, а ќе го суди уругвајскиот арбитар Андрес Куња.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе