Фудбал

Нејмар осуден во Бразил, мора дa плати милион евра

21. октомври 2017 - 8:43 | Макфакс

Бразилскиот федерален суд го осуди на глоба од еден милион евра најскапиот светски фудбалер Нејмар поради неплаќање данок од правата на фотографиите.

Нејмар веќе има една пресуда за неплаќање данок од 2011 и 2013 година, а сега е казнет дека користел фиктивни фирми за да плаќа помал данок, со што го оштетил буџетот.

Поради финансиски малверзации поврзани со трансферот во Барселона, на Нејмар пред две години му беше запленет имот вреден повеќе од 50 милиони евра.

Бразилскиот напаѓач е само уште еден од врвните светски фудбалери што избегнуваа да платат данок. Во оваа група е и Лионел Меси, а наскоро би можел да им се приклучи и Кристијано Роналдо против кого се води процес во Мадрид.

Коментирај