Нејмар: Секој ден учам од Роналдо и Меси

Најдобрите фудбалери во светот во изминатата деценија и понатаму се примерот по кој се води Нејмар. Тој вели дека секојдневно се потсетува на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за да се мотивира и да го достигне нивното ниво.

Според бразилската суперѕвезда, Роналдо и Меси се стандардот во светскиот фудбал и секој фудбалер треба да се стреми да учи од нив.

Додека беше во Барселона, Нејмар постојано тренираше и играше покрај Лионел Меси, а секоја сезона се соочуваше со Кристијано Роналдо, кој играше во дресот на нивниот најголем ривал Реал Мадрид.

Нејмар напредуваше многу откако пристигна во Европа. Во 186 натпревари за Барселона постигна 105 гола а одличната форма продолжи и во ПСЖ, каде погоди 39 пати во 43 натревари. Дваесет и шестгодишниот Бразилец ја освои секоја титула која можеше да се освои, но вели дека и понатаму напредува и е гладен за повеќе.

„Според мене, Меси е еден од најголемите фудбалери во историјата и е мојот личен идол во фудбалот. Со него учев секој ден, на тренинзи, на натпревари и од набљудување на неговата игра. А Роналдо е ѕвер. Да се игра против него е задоволство и чест, но секогаш мора да бидеме претпазливи бидејќи тој е толку паметен играч од кој може многу да се научи“, вели Нејмар.

Откако се пресели во Серија А, Кристијано Роналдо е клучен за успесите на Јувентус и продолжи да постигнува голови исто како во Реал Мадрид. А Лионел Меси и оваа сезона е најдобриот играч на Барселона, која се наоѓа на првото место на табелата.

„Тие се двајца играчи со кои можам да се поврзам, да се споредам. Учам од нив бидејќи сакам да победувам, да освојувам трофеи и да постигнувам голови. Од нив учам секој ден“, додаде Нејмар.

Тимовите на Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар се на првото место на лигашките табели во нивните лиги и се меѓу главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе