Фотографија од некогашниот НБА играч ја вознемири Америка.
Поранешниот играч на Бостон, Кливленд и Далас, Делонте Вест е фотографиран како проси на улица во Далас. Иако во кариерата има заработено повеќе од 16 милиони долари, тој остана без пари.
Поранешниот соиграч на Леброн Џејмс имаше ментални проблеми во текот на кариерата, дијагностицирано му е биполарно нарушување, а подоцна се оддаде на пороци и животот целосно му промени.
Од 2016 година живее на улица и прави проблеми. На почетокот на годинава беше претепан во Вашингтон. Сега се наоѓа во Далас, каде е фотографиран како проси на улица.
Фотографијата од него стана вирална на интернет, а многу луѓе сакаат да му помогнат. Неговите поранешни соиграчи и порано се обидоа да му помогнат, но тој одбива да оди на лечење.