Не е љубомората

Неколку причини поради кои партнерот ви го проверува мобилниот

Најновото истражување покажува дека 34 проценти од жените и 62 проценти од мажите од време на време го проверуваат телефонот на нивниот партнер.

Причина за ова шпионирање не е само љубомората, туку постојат и психолошки мотиви кои можат да го поттикнат вашиот партнер да го проверува телефонот.

Ова се дел од нив:

1. Вашиот партнер има ниска самодоверба

Некој кој тајно го прегледува вашиот телефон, ги чита пораките, мејловите, комуникацијата на социјалните мрежи се грижи дека не ви е доволен и има потреба да бара потврда. Дури и луѓето во стабилна и долга врска веруваат дека нивниот партнер заслужува некој подобар.

2. Не е задоволен од врската

Во здравата врска двајцата партнери безусловно си веруваат еден на друг и се почитуваат. Ако вашиот партнер има силна желба да ја прекине врската ќе бара каква било причина за тоа да го направи. Во секој случај, шпионирањето може да укажува на тоа дека вие и вашиот партнер имате целосно различни параметри кога станува збор за врската.

3. Партнерот ве изневерува

Нездравата љубопитност кон вашиот личен живот може да биде предупредување за вас, бидејќи таа може да биде проекција на длабоките мисли на вашиот партнер. Со други зборови, ако вашиот партнер се сомнева дека ќе се случи нешто непријатно или веќе се случува, таа личност би можела да ги направи тие непримерни дела.

4. Има проблеми со довербата

Довербата е темел на секоја здрава врска, а колку ќе верувате некому зависи и од искуствата од минатите врски. Значи, ако партнерот мисли дека го лажете веројатно во минатото го лажеле и изневерувале. По таквото лошо искуство личноста станува пречувствителна и секој гест или збор кој ќе го кажете може да го вклучи алармот. Во овој случај, параноичниот партнер би требало да разбере дека шпионирањето по телефонот е поврзано со негови лични проблеми, а не со вашите постапки.

5. Не е спремен за сериозна врска

Ако вашиот партнер често го проверува вашиот телефон тоа може да биде знак дека едноставно не е доволно зрел за врска. Може да каже дека само сака да дознае кој ви се јавил и тоа е сè, нема љубомора. Но, наместо тоа да го прави, едноставно може да ве праша, нели?

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе