Дали ви се случило да купите убаво парче јунешко месо, но откако ќе го подготвите и послужите не е воопшто вкусно и е жилаво?
Најдобриот начин за подготвување јунешко месо е да направите маринада oд маслo и зачини, да го ставите месото внатре и да го оставите преку ноќ во замрзнувач. Еден до два часа пред подготовката додајте уште неколку парчиња киви – кивито содржи ензими кои го омекнуваат месото. Исто така, може да ставите и ананас, пишува BrightSide.
Освен овие два вида егзотично овошје, може да додадете и малку вино, рендан кромид и јаболко и да го оставиете месото во текот на целата ноќ, а исто така може да ставите лимон и оцет. Лимонот ќе почне да дејствува по 1 час, а со овој трик може да се послужите ако подготвувате јадење за гостите во последен момент.