Нели Фуртадо: Сменете ги податоците на Wikipedia, не ми помагаат во љубовниот живот

Пејачката Нели Фуртадо се разведе од инженерот на звук Демaцио Кастелјон по осум години брак. Двојката не живеела заедно од минатото лето.

„Нели го промовира новиот албум во Велика Британија и во Германија. Можеме да потврдиме дека веста е точна. На Нели ѝ оди многу добро, и приватно и професионално“, рече нејзиниот портпарол за ET.

Пејачката во емисијатa Loose Women на ITV и самат рече дека е пак слободна.

„Некој нека ги смени податоците на Wikipedia, старите не ми помагаат во љубовниот живот. Поминав низ емотивен период минатото лето, пишував и пеев за да си помогнам. Си пеев додека одев на долги возења и сметам дека сум среќна што можам да пишувам песни бидејќи ме смируваат“, рече пејачката.

Таа додаде дека по разводот решила да помине време далеку од очите на јавноста за да најде рамнотежа во животот.

„Понекогаш само сакате да седите дома и да правите колачи за детето, да го чистите тоалетот и да имате миг само засебе. Убаво е да се направи пауза од кариерата и да уживате во овие благодети. Морам да бидам емоционално и физички добро за ќерка ми“, рече Фуртадо која од претходна врска има 13-годишна ќерка.

реклама

Сцена

На Боб Дилан ќе му се суди за силување малолетничка

Read more

Се снима филм за легендарната Шер

Read more

Наоми Кембел стана мајка

Read more
Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе