На Боб Дилан ќе му се суди за силување малолетничка

Кајгана/МИА
/ 17.08.2021 / 08:40

Боб Дилан е обвинет за силување од страна на жена која тврди дека тој ја злоставувал пред речиси 60 години, кога таа имала само 12 години.

Во тужбата поднесена кон крајот на минатата седмица од тужителката Џ.Ц. се вели дека Дилан го злоставувал девојчето во период од шест седмици, меѓу април и мај 1965 година. Се тврди и дека Дилан „го искористи својот статус како познат музичар за да ја снабди Џ.Ц. со алкохол и дрога и постојано ја злоставувал“.

Боб Дилан, кој наполни 80 години во мај, е обвинет и за физичка закана кон девојчето.

Според наводите во обвинението, наводната злоупотреба се случила во познатиот њујоршки хотел „Челзи“.

Адвокатот на Дилан, Роберт Цимерман, во изјава за US Today, изјави дека „обвинението старо 56 години е невистинито и ќе биде побиено на суд“.

Дилан се смета за еден од најголемите текстописци на сите времиња. Меѓу неговите најзначајни дела се „Blowin’ In The Wind“, „The Times They Are Changin“ и „Like a Rolling Stone“. Тој ја доби и Нобеловата награда за литература за 2016 година, за „создавање нови поетски изрази“ во рамките на големата традиција на американска песна.  

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Сцена

На Боб Дилан ќе му се суди за силување малолетничка

Read more

Се снима филм за легендарната Шер

Read more

Наоми Кембел стана мајка

Read more
Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе