Немаат душа, сакаат гласови, а плати не даваат: Вработените во ЈСП бараат итна седница на Советот

Вработените на ЈСП продолжуваат да штрајкуваат и бараат итна седница откако Советот на Град Скопје не ги изгласа субвенциите за ЈСП кои претпријатието ги чека за да ја исплати декемвриската плата.

„Ќе чекаме вонредна седница. Ако нема седница на Град Скопје, ќе нема јавен превоз“, порача Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје.

„Без коментар сме, немаат ни душа, ни срце, ништо немаат тие луѓе внатре. Бараат гласови, а плати не даваат, срам да им е, како ќе им објаснат на нивните жени и деца дека не дале субвенции за плата на вработените од ЈСП. Нема да дозволиме овој народ да пати, они нека си се караат мегу себе“, дополнија од синдикатот.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги поддржа синдикатите во барањата за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа претходно ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите за да вработените во ЈСП земат плата.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираа и го чекаа исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје на која се расправаше и требаше да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе