Крис Корнел беше фронтмен на бендовите Soundgarden и Audioslave, а ја изведе и насловната песна за филмот за Џејмс Бонд од 2006 година Casino Royale.
Во соопштението од неговиот претставник за медиумите Брајан Бамбери стои дека Корнел починал „ненадејно и неочекувано“.
Тој додаде дека семејството соработува со судските вештаци за да се утврди точната причина за смртта на 52-годишната музичка легенда.
Корнел починал синоќа, набрзо по концертот со Soundgarden во Детроит.
Тој лани, заедно со бендот што постои од 1984 година, потврди дека се враќаат во студио и на турнеја.
Во 2001 година се приклучи на бендот Audioslave како вокал, покрај поранешните членови на Rage Against The Machine Том Морело, Тим Комерфорд и Бред Вилк. Бендот се распадна во 2007 година.