Швајцарски пијанист изведе крајно необичен концерт во Нант и тоа висејќи 40 метри во воздух, а неговото пијано го држеше кран.
Стотина љубители на класичната музика го проследија во живо концертот на Ален Роше, за кого ова беше прв настап по принудната пауза поради коронавирусот. Поради отворениот простор и височината, публиката со слушалки на ушите го следеше неговиот репертоар.
Дефинитивно Роше успеа да го привлече вниманието кон себе со овој крајно необичен концерт.