Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Локален пороен дожд и грмежи особено во јужните подрачја на земјата се очекуваат во четврток попладне и во петок, а потоа следува и опаѓање на температурите.
Метеролозите најавуваат дека во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.
Утринската температура во четврток, петок и сабота ќе се движи од 9 до 18 степени, во недела од осум до 16, а понеделник од шест до 14 степени.
Дневните температури во четврток и петок ќе бидат меѓу 25 и 31 степен, во сабота од 22 до 29, во недела од 21 до 28 и понеделник од 22 до 28 степени.