Несвесни постапки што го уништуваат бракот

Многумина мислат дека недостатокот на секс во бракот е една од главните причини за распад на бракот, но уште побрза причина за незадоволство е лошиот секс.

Монотонијата и еднобличноста можеби е идеална за некој, но доколку на еден од брачните партнери им е здосадено сигурно многу брзо ќе побараат промена.

Во првите неколку години од бракот со задоволство уживате во хобито и интересите на брачниот партнер, но со време таа толеранција се губи. Во некои бракови овој терк на секој-по-свое совршено функционира, но некаде тоа е знак дека бракот се распаѓа.

Долгорочните зависности од типот на прекумерно пиење или пушење цигари и злоупотреба на наркотици која започнала како невина љубопитност и излегла од контрола е цврста причина за прекинување на бракот.

Понекогаш партнерите брзо увидуваат дека воопшто не биле вљубени еден во друг туку само барале човек со кој ќе пополнат одреден посакуван аспект од сопствениот живот. Овој начин не е толку лош сѐ до моментот кога еден од партнерите не се почувствува измамен.

Интересите на партнерите се менуваат и со тек на време некој од нив може да го смета како разнишување на темелите на бракот.

Физичката привлечност е прва која доаѓа, но и прва која си оди. Низ годините партнерите се менуваат и нивниот физички изглед во даден момент може целосно да се промени и повеќе да не си бидат привлечни.

Фокусот кој не води кон семејството туку влече настарана од фамилијата е сериозна причина за сомнеж во успехот на бракот. Концентрацијата насочена кон работата и кариерата или новото хоби често се јавува како причина за негрижа и запоставување на бракот.

Расправиите кои завршуваат со нерасчистени проблеми со цел да заврши бучавата, а не да се постигне согласност, го уништуваат бракот. Секој подголтнат аргумент или чувство на “ќе видиш ти“ ја осакатува светата врска помеѓу двајца партнери.

Фамилијарните односи и прифатеноста од страна на семејството на брачниот партнер доста влијаат на односот помеѓу сопружниците особено во ситуации каде семејствата на истите си земаат за слобода меѓусебно да се клеветат и “полнат главата“ на своите “чеда“ со глупости.

Довербата во бракот е несомнено една од клучните фактори за успех на истиот. Доколку самата врска се темелела на недоверба и сомнежи ниту бракот нема да биде поинаква приказна.

Почитта и вербата на партнерот може да направи чуда во развојот како личност, но кога истата се губи едниот пропаѓа а другиот станува преамбициозен и желен да се ослободи од спрангите кои тој верува дека го кочат.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе