Netflix објави сцена од третата сезона на својата популарна викторијанска серија Bridgerton.
Серијата е базирана на книгите на писателката Џулија Квин и раскажува за животот на децата од семејството Бриџертон и англиското општество. Секоја сезона го прикажува развојот на љубовната приказна меѓу двата главни лика, а во третата сезона тоа е романсата помеѓу Колин Бриџертон и Пенелопе Федерингтон.
На објавеното видео се гледа сцена каде што Пенелопе (Никола Кофлан) и Колин (Лук Њутн) се расправаат. Пенелопе не одговарала на писмата кои тој ѝ ги праќал, а како одговор го соочува со изјавата што ја дал на крајот од втората сезона. Изјавата се однесува на тоа дека тој никогаш не би ѝ се додворувал.
За потсетување, третата сезона од популарната серија ќе се прикажува на Netflix во два дела. Првиот дел ќе биде прикажан на 16 мај 2024 година, а вториот дел на 13 јуни 2024 година и ќе има вкупно осум епизоди.
Оваа сезона публиката ќе види познати лица, меѓу кои Џонатан Бејли, Симон Ешли, Клаудија Џеси, Лук Томпсон, Рут Гемел, Аџо Андох, Беси Картер и Голда Рошевел. Меѓу новите лица во серијата ќе бидат Хана Дод, Даниел Френсис и Сем Филипс.
Откако ја објавија сцената на YouTube, обожавателите на серијата се огласија во коментарите бидејќи едвај чекаа да видат како се развива романсата на парот.
„Конечно му кажа како стојат работите“, „Луѓе, конечно го добивме ова“, „Пенелопе реши да ги земе работите во свои раце и јас сум воодушевена поради тоа“, „Зошто Netflix мораше да ја подели серијата на два дела? “, „Едвај чекам да видам што носи третата сезона“, се коментарите под видеото.