Netflix ја откажа анимираната серија „Pearl“, чија креаторка е Меган Маркл, пренесе Page Six.
Серијата веќе долго време е во почетна фаза на создавање, а требаше да ја прикаже фантазијата низ авантурите на 12-годишно девојче во секојдневните животни предизвици. Се наведува дека Netflix ја откажа серијата поради намалени пресметки и голем пад на бројот на претплатници.
Извршен продуцент на серијата беше сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш.
Netflix истото го направи и со други анимирани проекти кои не ги почитуваа роковите и сè уште се во рана фаза. На продуцентите им порачаа своите проекти да се обидат да ги прикажат на некои други стриминг платформи.
Многумина беа уверени дека анимираната серија „Pearl“ за цел има да го прикаже детството на Меган Меркал.