Неверојатната приказна на херојот на Рома

Рома синоќа во Тирана го победи Феенорд со 1:0 во финалето на Конференциската лига и стигна до својот прв европски трофеј по 1961 година.

Избраниците на Жозе Мурињо одиграа одличен натпревар, а херој на големата победа беше 22-годишниот Николо Ѕаниоло, кој во 32. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Ѕаниоло беше еден од најголемите италијански таленти, а откако дојде во Интер од Виртус Ентела, беше фантастичен во младинскиот тим на Интер. Во сезоната 2017/2018 тој беше најдобар стрелец на тој тим и најдобар играч во освојувањето на јуниорската титула.

Интер го префрли во првиот тим, но за него не одигра ниту еден натпревар. Во летото 2018 година тој замина во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан од Рома во Интер. Тоа се покажа како одличен потег за младиот играч за врска кој проигра во Рома.

Два пати ги скина лигаментите на колената

Следните две години Заниоло играше многу добро, а потоа почна неверојатниот пех со повреди. Во јануари 2020 година, тој ги скина вкрстените лигаменти на десното колено на натпреварот против Јувентус, што го тргна од терен шест месеци.

Тој се врати во јули и само што почна да влегува во форма, во септември 2020 година повторно му беа оштетени лигаментите, но овој пат на десното колено. Новата тешка повреда го оддалечи од терените десет месеци, го пропушти и ЕУРО, а на тренинзите се врати минатото лето за време на претсезоната под водство на Жозе Мурињо.

Ѕаниоло оваа сезона беше стандарден играч на Мурињо, иако пропушти неколку натпревари поради полесни повреди. Сезонава одигра 42 натпревари и постигна осум гола со девет асистенции. Тој и Мурињо имаа мали несогласувања во текот на сезоната, но ги расчистија во текот на пролетта и потоа заедно дојдоа до трофејот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе