Никола Попоски до Заев: Нема да блокираме како вас

Шефот на дипломатијата пред заминување, Никола Попоски, му порача на мандатарот Зоран Заев дека од утре да биде подготвен на критика и дека нема да му помине ако тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за еден или друг неуспех.

„Од утре ќе почне нов период, кога ќе ве критикуваме. Оправдано или не, вие добро критикувавте. Господине Заев, сакам да ве потсетам дека доверба се гради чекор по чекор. Вие од почетокот покажавте дека сакате да избришете патос со демократијата, преку Собранието. Ве уверувам дека секоја ваша погрешна постапка ќе ве оддалечува од Македонија. Македонија не почнала со нас, нема да заврши со вас. Потребни ни се реформи во секој домен. Но, вие треба да покажете дека ќе прифатите критика. Нема да ви помине тоа дека ВМРО е криво за едно или друго. Ние од утре сме опозиција. Треба да ве поддржуваме во работите, а од вас ќе се очекува развој и човечна влада„, рече Попоски во Собранието. Потсетувајќи го Заев дека со години го блокираше Собранието, тој навести дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ќе биде различна, бидејќи има одговорност пред граѓаните. Тој го обвини Заев исто така дека програмата му е резултат на препишувања.

„Вие повикувате ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивно и јас се согласувам. Ние треба да бидеме опозиција различна од вас, бидејќи имаме должност кон сите граѓани. Ќе ви треба многу повеќе од неколку слатки зборови, за да ги убедите другите дека можете да владеење нормално. Барањето кое го упативте за поддршка на програмата е беспредметно, бидејќи овде се ангажирани цели школи за препишување. Ако не можете да смислите добри мерки за одење напред, треба да прифатите туѓи.

Очекуваме резултати какви што ветивте. Сакам да ви порачам дека ќе бидеме тука за предлози и сугестии за подобро општество. Но, нема да бидеме тука за темните страни. Сега покажавте дека сте склон кон закани, за секој кој не мисли како вас. Јас сметам дека ова е момент на тест и за тоа како ќе се однесувате во иднина, а јас сакам да се однесувате поинаку“, му порача Попоски на Заев.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе