Николовски: Секој е добредојден во државата ако ѝ мисли добро и ако има чисти и добри намери

Секој во државата е добредојден ако ѝ мисли добро и доколку има чисти и добри намери. Верувам дека односите ќе продолжат и ќе се вратат во позитивен дух и дека ќе зборуваме за иднината, за младите генерации, за тоа што 30 години не било направено, а сега го правиме преку разни програми, мерки и политики, како и дека државата ќе оди напред и ќе се оствари клучната стратегиска цел – членството во ЕУ. Тоа е побитно од кој било статус или некакви коментари кои за мене се беспредметни.

Вака министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одговори на новинарско прашање во врска со обвинувањата на социјалните мрежи дека „го издал“ името на полицаецот кој на 4 февруари, кога се чествуваше раѓањето на Гоце Делчев, бил на граничниот премин „Деве Баир“ по апелот дека за него се даваат 200 евра.

Според Николовски, Основниот суд во Крива Паланка донесе соодветни казни, а законите треба да важат за сите.

- Честитам за смиреноста, професионалноста и стручноста на сите припадници на МВР кои на 4 февруари многу професионално си ја завршија работата, вклучително и Царинската испостава Деве Баир. Основниот суд во Крива Паланка донесе соодветни казни за сите што ги прекршуваат законите. Законите треба да важат за сите и тоа е најбитно, ништо друго не е поважно - кој, дали и што открил. Јас се гордеам со кривопаланчани кои на тој ден беа на ниво на задачата. Секој во државата е добредојден ако и мисли добро и доколку има чисти и добри намери. Верувам дека односите ќе продолжат и ќе се вратат во позитивен дух и дека ќе зборуваме за иднината, за младите генерации, за тоа што 30 години не било направено, а сега го правиме преку разни програми, мерки и политики, како и дека државата ќе оди напред и ќе се оствари клучната стратегиска цел - членството во ЕУ. Тоа е побитно од кој било статус или некакви коментари кои за мене се беспредметни, рече Николовски пред средбата со малите производители на храна, членови на „Алијанса Премиум“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе